Упатства

Herbalife Gua Sha

Gua sha SKU: 1M59EU

Како се користи алатката gua sha

Чекор 1. Пред да почнете, лицето, рацете и алатката gua sha треба да ви бидат чисти.

Чекор 2. Нанесете поголема количина масло за лице, серум или хидрантен крем на лицето и на вратот за да може алатката gua sha да се лизга на кожата без да притискате премногу.

Чекор 3. Држете ја алатката gua sha под агол од 15 до 45 степени и следете ги движењата според стрелките, како што е прикажано на сликата.

Чекор 4. На секој дел од лицето поминете по 5 пати со нежни движења без да притискате.

Чекор 5. Откако ќе завршите, исчистете ја алатката gua sha и убаво измијте ја со вода и со обичен сапун за да го отстраните вишокот производ од неа.

Чести прашања

1: Што е тоа gua sha?
Gua sha е кинески традиционален третман за масажа што датира од пред најмалку 700 години, од династијата Минг. Покрај тоа што оваа техника толку долго се користи во Источна Азија, употребата на овој третман во западниот свет почна од пред само неколку децении.

2: Како се чисти алатката gua sha?
Алатката gua sha се мие со млака вода и благ сапун по секоја употреба. Откако ќе се исуши, ставете ја алатката gua sha во торбичката за да остане чиста и заштитена.

3: Дали алатката gua sha остава црвенило?
Генерално, алатката gua sha е безбедна за употреба. Третманот не треба да предизвикува болка, меѓутоа може привремено да се јави промена во изгледот на кожата. Поради триењето или нежното притискање на кожата со gua sha, може да испукаат ситни крвни садови на површината на кожата, познати како капилари. Ова обично се повлекува за неколку дена.